Успешна прва емисија во живо за македонските претставници „Икс-Фактор“. Од понатамошното натпреварување испадна групата „Инфинитас“.
Давид Темелков оди понатаму, додека од понатамошното натпреварување отпадна групата „Инфинитас“, а продукцијата одлучи да врати во игра четири кандидати, меѓу кои се најде и македонскиот претставник Боби Мојсовски!
„Се’ уште сум во шок, какво изненадување! Ви благодарам на сите што ме поддржавте со вашите гласови, вие кои сте ми мотивација и инспирација и ми давате сила да одам напред и да не се предавам до крај. Како и досега, ќе се трудам максимално, секогаш ќе давам се’ од себе и најдобро што можам, се’ за вас!“, напиша Боби на „Фејсбук“.
https://www.youtube.com/watch?v=SJvXUsykEfs
Давид Темелков во завчерашната емисија ја изведе нумерата „Who wants to live forever“ и уште еднаш покажа зошто преку ноќ стана миленик на публиката.
https://www.youtube.com/watch?v=kCuVcvaNSMk
„Давиде, ова беше прекрасно, песната е пишувана за еден од моите омилени филмови. Ти претендираш да станеш победник“, коментираше Масимо Савиќ. „Мора да имаш некоја мана. Која е твојата мана?“ го праша Тончи Хулиќ. Жељко Јоксимовиќ му честиташе на настапот, а Александра Ковач заклучи: „Суверено владееш со оваа сцена и знам дека одиме во финале!“