DarkWeb: 127 милиони хакирани профили на продажба

Сподели со своите пријатели

Само неколку дена по објавувањето на вести дека 620 милиони ханикари интернет профили се огласени за продажба на DarkWeb, дел од интернетот озогласен поради незаконски активности, се појави уште еден контингент лични податоци украдени од осум компании.

Loading...

Во прашање се 127 милиони нови хакирани интернет профили кои повторно ги продава истата личност или повеќе нив, криејќи се зад прекарот „gnosticplayers“, пишува Форбс.

Продавачот бара износ од 14.500 долари во биткоини, што е пониска цена отколку во претходниотслучај.

Огласот, во меѓувреме е отстранет, како што е направено и при продажбата на првата колекција податоци, за да се оневозможи преголем број луѓе да купат исти хакирани профили.

Изгледа дека во новиот случај се работи за сериозно нарушување на приватноста.

Имено, кај претходниот контингент податоци, купувачот морал сам да ги дешифрира лозинките од голем број помешани, додека според тврдењето на „gnosticplayers“, во овој случај, меѓу хакираните податоци веќе се наоѓаат лозинки и броеви на пасоши.

Leave a Reply