Дарко Спејко на чекор до финалето во шоуто ”Големиот Брат”

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Дарко Петковски – Спејко е единствениот Македонец во куќата на „Големиот Брат“, и е на чекор до финалето во оваа реално шоу. Во седмата сезона на оваа светски познато шоу, Дарко успеа да издржи 83 дена.

Loading...

Оваа недела е еден од номинираните станари во куќата и доколку преживее ќе се најде во финалето каде што ќе се бори за наградата од 100 илјади евра.

Дарко беше меѓу првите 14 станари кои влегоа во куќата. Вниманието на гледачите го привлече покажувајки ја својата идеална фигура, а заедно со Ервин често можеше да се видат како ја одржуваат својата одлична форма, а не беа изоставени и атракциите и гимнастичките елементи кои ги правеше во куќата. Сепак тој ќе остане меѓу станарите запамтен како добро воспитано и мирно момче.

Единствен конфликт во куќата го има со Гого со кого не можат да најдат заеднички јазик. Она што сите нестрпливо го очекуваме е исходот од романсата со Тина која трае уште од првите недели по влегувањето во шоуто. Дарко отвореното призна дека е заљубен во Тина, додека станарката од Риека е порезервирана во тој поглед.

Во шоуто дополнително влегоа и излегоа многу станари што ја прави оваа седма сезона на Големиот брат доста специфична. Токму Тина и Дарко како задача за оваа недела, имаат свој настап во Талент шоуто на Големиот Брат. За да го зачуваме Дарко да го преживее и овој петок и да влезе во големиото финале, можете да гласате со СМС порака на VB празно место 6 на телефонскиот број 149399.