Дарко Ристовски е нов директор на Централен регистар Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Централниот регистар во Куманово од денеска нов директор е Дарко Ристовски.

Тој е дипломиран економист од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Ристовски има работено во „Шпаркасе банка“ во Куманово и во приватно сметководствено биро.

Тој доаѓа на местото на Игор Божиновски кој директорската функција во Централен регистар ја извршуваше 12 години.

Примопредавањето на раководителската функција беше извршено денеска.

Leave a Reply