Данската премиерка поднесе оставка по изборната победа

Сподели со своите пријатели

Данската премиерка Мете Фредериксен, чија партија тесно победи на општите избори, поднесе оставка денеска и ќе почне да ги истражува можностите за нова политичка коалиција, соопштија нејзините соработници, пренесе Ројтерс.

Loading...

Се очекува овие разговори да бидат долги бидејќи нејзините политички соработници и противници изразија скептицизам кон ваквата коалиција, поради што исходот е неизвесен, наведува британската агенција.

Левоориентираниот блок, во кој е вклучена и Социјалдемократската партија на премиерот Фредериксен, освои 90 места, најмало можно мнозинство во парламентот од 179 места, додека десничарскиот блок освои 72 места, а новоформираната партија на центарот освои 16 места.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

– Им благодариме на сите Данци кои ни ги доверија своите гласови, тоа е огромна чест. Иако многумина се сомневаа во нас – изјави синоќа Фредериксен.

Во крајно неизвесна постизборна ноќ, до раните утрински часови не беше извесна повторната победа на левиот блок на чело со социјалдемократите.