Даниел не успеа да се пласира во финалето на Евровизија

Сподели со своите пријатели

Македонскиот преставник  на Евровизија, Даниел Кајмакоски заедно со пратечките вокали Мерџ, не успеа да се пласира во финалето кое ќе се одржи на 23 мај во Виена.

Loading...

Даниел на првата полуфинална вечер ја исполни „Лисја есенски“(Autumn Leaves), но за жал не се пласираше во финалето.

– Дадовме се` од себе на сцената и верувам дека емоцијата на “Autumn Leaves” допре до публиката. Многу ми значеше и поддршката на “Merj“ во изведбата. Им благодарам на сите фанови во Европа кои гласаа за нас. Учеството на Евровизија е едно големо искуство за мене, секоја чест за организацијата на фестивалот и се надевам дека најдобрата песна ќе победи, изјави Даниел.

Десетте финалисти од полуфиналната вечершто се пласираа во финалето се: Албанија, Ерменија, Русија, Романија, Унгарија, Грција, Естонија, Грузија, Србија и Белгија.

Во финалето на Евровизија ќе се натпреваруваат 27 учесници.

https://www.youtube.com/watch?v=msuKXdaRBnw

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *