Дамјановски во трката за кандидат за градоначалник влегува со проект за нов плоштад (видео)

Сподели со своите пријатели

Нов плоштад кој ќе претставува поврзување на стариот и новиот со затворање на дел од улицата која ги разделува е визијата на актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски кој е во најтесниот внатрепартиски круг за кандидат за градоначалник на локалните избори кои ќе се одржат на 15ти окромври.

Како што вели Дамјановски градот го води веќе 12 години и тоа во тешки услови, па според неговите соработници и сограѓаните треба по четврти пат да ја побара довербата од кумановци.

Работев многу проекти и мислам дека мојата визија за градот е позитивна и граѓаните ја препознаваат. Мојот единствен мотив е интересот на граѓаните да продложам со проектите, имам секојдневно голем притисок од моите соработници, граѓаните кои се надеваат дека во овој амбиент со новата Влада Куманово под мое водство ќе добие многу поголем бенефит и многу поголем успех првин во градење на политичкиот соживот, мултиетнички, мултикултурен развој, а пред се градба на инфраструктура, градба на еколошка свест и најавувам го правам проектот за новиот градски плоштад кој ќе биде интегриран малиот и новиот, затворање на улицата, подземно паркирање, подземен премин, проектот е во фаза на изградба и тоа ќе биде мој главен адут за настапот на следните избори, изградба на нова проектна докуменција за подземен премин, гаражни места за 1.000 возила и нов градски плоштад, комплетна реконструкција на плоштадите и формирање на централно градско јадро онакво какво заслужува Куманово – изјави Дамјановски.

Социјалдемократскиот сојуз во игра освен Дамјановски, ги има и Максим Димитриевски, Љубиша Николиќ и Александар Арсиќ. Партијата веќе спроведува анкети за нивниот рејтинг кај граѓаните, а оној кој ќе покаже најдобри резултати во анктетата ќе биде кандидатот на СДСМ за претстојните избори.

 

Loading...