Дамјановски со честитка по повод празникот Курбан Бајрам

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски,  по повод празникот Курбан Бајрам што го прославуваат верниците од муслиманска вероисповед, упати празнична честитка, посакувајќи им добро здравје и мир.

Loading...

Од името на  општинската администрација и од свое лично име, на сите граѓани од исламската вероисповед  им го честитам празникот Курбан Бајрам.

Им посакувам добро здравје, мир, радост и многу успеси. Куманово е град на различности и мултиетнички град.

Ние покажавме како со меѓусебно почитување, разбирање и толеранција се создава добар соживот, се вели во честитката на кумановскиот градоначалник.