Дамјановски: Ова не е моја одговорност, со ништо немам влијаено врз процедурата за градба

Сподели со своите пријатели

Свој одговор на обвинувањата од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово за изградбата на новата петкатница во градот, денеска даде и повиканиот градоначалник Зоран Дамјановски, кој негира било каква незаконска инволвираност од негова страна во целиот случај.

Реакцијата ја пренесуваме интегрално:

Секоја недела тоа е неделна доза на Општинскиот комитет секогаш изнаоѓаат некакви разлози, денеска имаме тема урбанизам и на мое жалење повторно сум прозван за некои работи на кои јас директно немам никакво влијание ниту пак сакам да имам во мојата кариера никогаш не сум учествувал во било какво креирање во урбаната политика, затоа што тоа се води по процедури од Секторот за урбанизам кој има Комисија која е лиценцирана со лиценци од државата кои се компетентни тие процедури да ги спроведат.

Ниту Дамјановски прави детални урбанистички планови, ниту Дамјановски ги одобрува, тоа се процедури кои идат по иницијатива на инвеститори, која куќа за проектирање ќе го земе тоа си избира инвеститорот, јас одоговорно сакама пред кумановската јавност да истакнам дека овој процес на донесување ан детален урбанистички план трае повеќе од година и половина со сите маани и забелешки се уважени, вратени, биле на консултации, повторно вратени, така да сње она што не се вклопува во законот за урбано и просторно планирање нема да биде прифатено ниту од комисијата ниту ќе биде прифатено од Советот.

Ние во ниту еден момент не гледаме кој е инвеститор, затоа што инвеститор може да биде секој граѓанин кој рамноправно учествува во животот на оваа држава и пред се кумановци кои имаат интерес да го подобрат начинот на живеење. Јас во овој момент не гледам никаква моја одговорност затоа што процесот е по иницијатива на инвеститорот, проектантската куќа си прави решенија кои во даден момент имаат коментари за самата јавна анкета, има сугестии од Министерството и тие се во постојан контакт во однос на тоа дали тоа е исправно и дали  е по правилник. Дали инвеститорот е член на советот или не е член на советот, мислам дека многу има коментари дали на некому му припаѓа или не. Ова е право на секој што има приватна сосптвеност врз основа на закон на генерален урбанистички план и детален план кој ги дефинира условите за градба да дојде до некаква задача. Генералниот план не е дело кој е донесен во време на владеење на мојот период, овој совет, на мојата политичка кариера како градоначалник, значи тоа е од 2002-2003 и тука немам никакво влијание. Содржините се мешовито домување затоа што инвеститорот има право по закон да си бара. Процесот тече година и пол дена со сите наши принципи и правилници со дозволени или недозволени измени. Во таа насока ние сме направиме максимум дали ова ќе заврши со согласност од транспорт и врски или не, ние не можеме тоа да го преудицираме, но има забелешки кои проектантот е должен да ги исправи.

За се друго наведено во обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се на моја сметка, не чувствувам никаква одговорност бидјеќи ова е нешто што е тековна работа на секторот и јас тука немам влијание.

Зоран Дамјановски ниту давал право, ниту узурпирал имот, ниту пак дозволува да се гради или да не се гради, само она што е право на сосптвеникот и инвеститорот.

Сакам да истакнам дека тие плацеви не ги продал Зоран Дамјановски ниту биле моја сопственост, промет на недвижности и пазарот го предвидува слободното пазарно стопанство кое дозволува. Во тој промет на пазар не учествувала ниту општината ниту Зоран Дамјановски, грешна ви е адресата што ја упатувате до мене, мислам некоректно е во фаза на еден страшен хаос во кој се наоѓа политички хаос во Македонија да ги дефокусирате луѓето со вакви политички небулози.

Дефинирам, Зоран Дамјановски со ништо не допринесува овој процес на донесување на ДУП да бид еубрзан или поедноставен, процесот е нешто за кое е право на инвеститорот да го тера, а комисијата согласно транспорт и врски и одлуката на советот се пресудни во однос на имплементација. ние сме должни издавање на дозвола по услови за градба предвидени со ДУП и контрола на градба од нашата инспекција која има право и должност тоа да го контролира.

Почитувани граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ не ја дефокусирајте јавноста ова не е одговорност моја, со ништо не сум допринел ниту да се убрза или успори едноставно ги спазувам правата затоа што јас сум должен да владеам по право, правилник, закони за локална самоуправа.

Знаете дека има датуми и термини во законот за издавање дозвола, секое задоцнување предвидува казни за одговорните лица, затоа ние на секое барање мора да одговориме според правилникот и законите.