Дамјановски најави изградба на паркинг простор за мотокултиватори

Сподели со своите пријатели

Мотокултиваторите кои вршат транспортни услуги  на граѓаните на Куманово ќе добијат свое паркинг место. Станицата за ваквите и слични транспортни возила ќе биде во непосредна близина на дивата депонија во населбата Перо Чичо, спроти маркетот Туш.

На посочената локација денеска по којзнае кој пат  се отстрануваше сметот и шутот за да се создадат услови за стартот на тампонирање.  Активноста е дел од тековното одржување и чистење на дивите депонии и речното корито, посочуваат  надлежните.

Тука имаме зацртано една комуникациска инфраструктурна мрежа за Бавчи и Средорек која не е по ДУП  меѓутоа се користи како пристап за оваа населба кои со закон за легализација се легализирани , ќе поставиме сега основа од тампон и дробен асфалт  и ќе направиме преграда  од бетонска препрека за да може тука да го дислоцираме паркингот за мотокултиватори и мали тракторчиња кои  вршат транспортна услуга на граѓаните на Kуманово – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Надлежните се надеват дека сопствениците на овие возила ќе ги почитуваат прописите , во спротивно ќе следуваат казни од комуналната инспекција и од Секторот за сообраќај.

Во договор со сообраќајна полиција односно со раководителите на секторот за сообраќај при свр куманово беше договорено да тука биде станица за мотокултиватори затоа што истите се паркираат на површини кои се високо соообраќајни и се создаваат тесни грла на сообраќајниците. сметам дека со ова ќе биде надминат проблемот во градот и на минувачите и на возачите така што да се надеваме за подобра – вели Верче Лазаревска, од Секторот за инспекциски надзор.

Од вкупно три милиони денари колку што се предвидени за тековното чистење на дивите депонии и речното корито, досега се потрошени околу милиони и 700 илјади денари. Останатите пари ќе бидат искористени годинава. Инаку, доколку се направи споредба со претходните години во однос на изнесениот смет од дивата депонија, надлежните посочуваат дека речиси двојно е намалена количината на собраниот смет која потоа се депонира на Краста.

Текстот е преземен од Телевизија Плус.