Дамјановски ги прогласи првенците на генерацијата (галерија)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска од големата сала во просториите на поранешен Комитет, на просветните работници им го честиташе празникот “Св. Кирил и Методиј“, а воедно додели книги на најдобрите ученици за учебната 20015/2016 година.

[huge_it_gallery id=”367″]

За ученици на генерацијата од основните општински училишта програлсени се: Сара Трајковска – ООУ „Крсте Мисирков„, Милан Тодоровиќ – ООУ „Кочо Рацин“, Глорија Сасовска – ООУ „Христијан Карпош“, Јована Божиновиќ – ООУ „Браќа Миладиновци“, Марија Трајковска – подрачно ООУ „Христијан Карпош“ с. Умин Дол, Илир Илмани – ООУ „Бајрам Шабани“, Аулона Камбери – ООУ „Наим Фрашери“, Ребека Колевска – ООУ „Кирил и Методиј“ с. Клечовце, Викторија Стојановска – ООУ „Битолски Конгрес“ с. Лопате, Матеј Томевски – ООУ „Кирил и Методиј“ с. Романовце, Елиза Муслиу – ООУ „Едорин Дерада“ с. Черкези, Тијана Петковска ООУ „Браќа Рибар“ с. Табановце, Мила Стошевска – ООУ „Магдалена Антова“, Петар Сојановиќ ООУ „11ти Октомври“, Симона Милутиновиќ – ООУ „Светозар Марковиќ“ с. Старо Нагоричане, Милан Величковски – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ с. Младо Нагоричане и Ангел Ангеловски – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ с. Драгоманце.

Наградени беа и првенците од средните училишта во град Куманово: Ана ИЛиевска и Гилорета Куртиши – ОСТУ „Наце Буѓони“, Астрим Азири – Гимназија „Сами Фрашери“, Драгана Илиевска – ССОУ „Киро Бурназ“, Александрија Петрушевиќ и Бењане Реџепи – СОУ „Перо Наков“ и Елена Тодоровска од Гимназијата „Гоце Делчев“.

Поздравен говор одржа градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски кој заедно со Советот на Општина Куманово е главен покровител на манифестацијата, а заедно во организација со Здружението на просветни работници од Куманово.

На манифестацијата беа прогласени учениците на генерации од основните и средните училишта на ниво на Општина Куманово и Старо Нагоричане.