Дамес е противникот на ЖРК Куманово во ЕХФ Челинџ Купот

Сподели со своите пријатели

Составот на Дамес 1 од Холандија ќе биде противникот на Женскиот ракометен клуб Куманово во рамките на првата фаза од ЕХФ Челинџ Купот кој започнуваа оваа есен.

Ждрепката која се одржа денеска во 11 часот одлучи противникот на кумановки да им бидат девојките од градот Венло, кој се наоѓа на југоистокот на Холандија.

Иако беа во различни шешири со македонскиот ривал ЖРК Пелистер, сепак нема да имаме можност за македонско дерби уште на самиот старт на натпреварувањата.

Европската сцена го очекува составот на ЖРК Куманово, кој за таа прилика, ќе се доекипира и наскоро ќе започне со тренажниот процес.

Од управата велат дека допрва ќе се анализира играта на противникот од Холандија па ќе се направат и проценките за квалитетот на нивниот состав и стратегијата за претстојните натпреварувања.

Leave a Reply