Дали жените се подобри во мултитаскингот од мажите? Науката го има одговорот!

Сподели со своите пријатели

Дали жените се подобри во мултитаксингот од мажите? Науката го има одговорот!

Loading...

Според авторката од истражувањето Патрисија Хирш од Универзитетот во Ахен, два пола работеле поспоро и понепрецизно кога требало да извршат две задачи во исто време.

Жените не се подобри од мажите во истовремено завршување на задачите, заклучок е на новата студија на германските научници.

Задачите вклучувале броеви и букви, биле поставени така да можат да ги истакнат разликите меѓу половите, а ги пополниле по 48 мажи и жени.

Според наводите дека претходно студиите дошле до поинакви резултати, германските научници велат дека во нивната немало разлика меѓу половите. Во некои случаи подобри биле мажте, во други жените.

– Нашите резултати не потврдуваат широо распространета предрасуда дека жените во мултитаскингот се подобри од мажите, објавиле научниците во списанието „Plus One“.

Хирш рекла дека испитале три секојдневни категории: подобрување на работната хармонија, префрлање од една на друга задача и филтрирање на непотребни информации. Тимот признава ограничувања во истражувањето.

– Од нашата студија не можат да се извлечат заклучоци за разликите меѓу половите во другит емултитаскинг ситуации, рекла Хирш.

Loading...

Невропсихологот од циришкиот универзитет Луц Јанеке, кој учествувал во истражувањето вели дека разликите меѓу половите во еволутивна смисла не биле логични.

– Нема генетски причини за претпостава дека жената пред 15 години била подобро програмирана за мултитаскинг од мажите. Тоа е целосно неразумно, рекол Јанеке.

– Мултитаскингот е нешто во што луѓето се крајно лоши, затоа што нивниот мозок е конципиран така да се концентрира на едн работа, рекол тој.

Leave a Reply