Дали трчањето ги оштетува или заштитува колената?

Сподели со своите пријатели

Луѓето што редовно трчаат често слушаат предупредувања за „абењето“ и повредите на зглобовите на коленото што може да се јават поради трчањето.

Loading...

Овие тврдења не се целосно неосновани – се темелат на идејата дека редовното оптоварување на колената води до истрошување на флексибилното ‘рскавично ткиво, кое го олеснува триењето и ги поднесува механичките стресови при движењето.

При преоптоварување и неразумно често, неправилно или премногу долго трчање, навистина може да дојде до истенчување на ‘рскавицата на коленото и да дојде до триење меѓу фемурот (колкот) и тибијата (големата писка).

 

 

Болката, вкочанетоста и воспалението што се јавуваат во овој случај се карактеристични за болеста остеоартритис. Научните истражувања покажуваат дека ова е делумно точно и се однесува на специфични групи луѓе.

Во нив спаѓаат, на пример, мажите под 50-годишна возраст, кои истрчуваат повеќе од 32 километри неделно. Други истражувања, кои го споредуваат физичкото здравје на долгогодишни тркачи со тоа на капачите и луѓе кои водат седентарен начин на живот, не откриле статистички значајни разлики во здравјето на нивните колена и ризикот од артритични заболувања.

Loading...

Едно истражување од 2016 година побара одговор на прашањето „Корисно ли е трчањето за колената?“ и податоците покажаа дека одговорот најверојатно е „Да“. Биле избрани волонтери – мажи и жени, активни луѓе под 30-годишна возраст, и без медицинска историја на проблеми со колената.

За време на дводневното истражување научниците собирале од нив примероци од крв и синовијална течност – природен лубрикант во човечките зглобови.

 

 

Примероците биле собирани првиот ден, пред и по 30-минутно интензивно трчање, и вториот ден, пред и по 30 минути минати во седечка положба.

Во добиените примероци научниците барале воспалителни молекули поврзани со развојот на артритис. Било мерено и количеството на соединението наречено ‘рскавичен олигомерен матричен протеин (COMP), чие зголемено присуство во синовијалната течност е белег за артритична болест.

Според податоците по трчањето, луѓето што трчале имале пониски концентрации на споменатите молекули во зглобовите на колената и повисоки во крвта. Седењето, пак, забележливо ги зголемува концентрациите на COMP и воспалителните молекули во коленото и ги намалува, иако малку, во крвта.

Loading...

Истражувањето укажува на заклучокот дека трчањето всушност ја намалува веројатноста од развој на артритис.

Leave a Reply