Дали страдате од мигрена? Еве што може да ги ублажи вашите болки!

Сподели со своите пријатели

Работата од дома може да го подобри квалитетот на животот на луѓето кои страдаат од мигрена, велат германските научници.

Loading...

 

 

Студија на италијански експерти во која беа вклучени луѓе кои страдаат од мигрена, покажа дека за време на карантинот, кога работеле од дома, нивните мигрени траеле пократко, биле помалку интензивни и барале земање помали дози на лекови. Тие објаснија дека ова е делумно затоа што самите напади на мигрена не траеле толку долго.

„Ние претпоставуваме дека горенаведеното подобрување може да се припише на оддалеченост од работа и стрес и способност да се располага со времето на поинаков начин“, велат авторите на студијата, чии резултати беа објавени во август во списанието Невролошки науки.

 

Loading...

 

„Дури и претходните студии сугерираат дека флексибилното работно време е најдобриот дел од работата на далечина, бидејќи им овозможува на луѓето да ја работат работата според нивните потреби и биоритам“, веруваат научниците.

Ова е исклучително важно за луѓето кои страдаат од мигрена и работат од дома за да избегнат изложување на фактори кои можат да ги интензивираат и продолжат нападите на мигрена.

 

 

По резултатите од италијанската студија, германското здружение на невролози DGN истакнува дека веќе е познато дека и стресот и бучавата се силни предизвикувачи на мигрена.

И едното и другото е невозможно да се избегнат, на пример, за луѓе кои работат во отворени канцеларии.

Loading...

 

 

Ако луѓето кои страдаат од мигрена се во состојба да ја прекинат работата и да направат пауза на самиот почеток на развојот на мигрена, ова може да помогне да се намали интензитетот и должината на болката.

Таквото постојано сценарио за работа од дома, дури и кога стапката на инфекција е намалена до тој степен што повеќето колеги можат да се вратат во канцеларија, во голема мера може да им помогне на сите кои страдаат од мигрена, според невролозите од DGN.