Дали слепото црево е потребен орган за човековото тело?

Сподели со своите пријатели

До сега, за слепото црево ни беше кажувано дека е орган кој нема некоја посебна функција. Пациентите по операцијата не чувствуваат никакви поголеми последици, во тоа гледаат дека си помогнале што го отстраниле она што им претставувало проблем.

Целото ова милсење потекнува уште од времето на Дарвин, кога направил една листа со 86 органи, кои сметал дека со текот на еволуцијата станале бескорисни. Но, всушност реалноста е поинаква.

Слепото црево содржи многу клетки на лимфниот систем, кои телото ги користи за борба против болестите, и е место каде може да се “складираат” корисните бактерии ( доколку дојде до инфекција на дебелото црево). Луѓето кои го отстраниле своето слепо црево, имаат послаб имунолошки систем, и инфекциите честопати може да им предизвикаат дополнителни компликации.

Медицината досега многу органи има прогласено за “вишок”, токму поради тоа што не ја познавала вистинската улога на тие органи.