Дали пушачите можат да консумираат цигари на помалку штетен начин?

Сподели со своите пријатели

Речиси и да нема човек кој не знае дека пушењето е штетно.

Loading...

Иако бројот на пушачи не се намалува низ целиот свет, а официјалната статистика покажува дека ги има повеќе од милијарда, експертите за јавно здравје не престануваат да го посочуваат проблемот што го носи потрошувачката на цигари.

Всушност, чадот од тутун е најштетната компонента на цигарата.

Кога се запали цигара, нејзината температура на топлина достигнува температура до 900 Целзиусови степени, а како производ на тоа согорување се создава чад од тутун, во кој се ослободуваат околу шест илјади супстанции, од кои околу сто се наведени како штетни и потенцијално штетни.

 

 

Иако ова треба да биде доволно добра причина за пушачите да се ослободат од овие навики, голем број од нив несакаат поради различни причини. И една од главните причини за тоа е никотинот, кој не е без ризик и предизвикува зависност, но не е примарна причина за болести поврзани со пушењето.

Loading...

Науката, исто така, придонесе за наоѓање решенија во помалку штетни алтернативи за тутун.

Алтернативите на класичните цигари ја испорачуваат потребната доза на никотин без да горат, со што се избегнуваат штетни производи од овој процес и се елиминира чадот од тутун. Загревањето започнува на околу 250 степени, со што се ослободува аеросолот, чиј состав значително се разликува од составот на чадот од тутунот.

 

 

Бројни научни студии потврдија дека аеросолот содржи до 95 проценти помалку штетни состојки во споредба со чадот од тутун. Ова им овозможи на пушачите да уживаат во потрошувачката на тутун на помалку штетен начин, а голем број од нив веќе ги заменија класичните цигари со уреди што го загреваат тутунот.

Иако најдобро решение е пушачите целосно да се откажат од сите форми на тутун и никотин, науката понуди и трета опција која може да се искористи за да се информираат возрасните пушачи кои не сакаат да се откажат од овие штетни навики од различни причини. Бидејќи ниту една опција, освен целосно откажување од пушење, не е без ризик.

 

Loading...

Leave a Reply