Дали погодија: Еве што предвидуваа научниците дека ќе се случи до 2020 година!

Сподели со своите пријатели

Пред неколку децении, многу академици, владини агенции и аналитичари ги објавија своите предвидувања за тоа што ќе се случи до 2020 година.

Loading...

Тие зборуваа за тоа дали подморниците ќе можат да се спуштат до историска длабочина, кои би биле глобалните суперсили и дали планетата Земја воопшто ќе постои како што била тогаш.

„Не би бил изненаден кога би можел да се прошетам во антигравитациски автомобил на мојот 92-ти роденден“, напишал математичар и научник Д. Г. Бренан уште во 1968 година.

Некои како Бренан биле многу оптимисти, некои не. Еве што предвидуваа, што се случи, а што не се случи.

1. Животниот век ќе се продолжи и ќе надмине 100 години

Футуристистот Реј Курсвеил во 1999 година предвиде дека просечниот животен век на луѓето ќе се зголеми „над 100 години“ до 2019 година.

– Компјутеризираните здравствени контролори вградени во часовници, накит и облека кои дијагностицираат акутни и хронични здравствени состојби се широко користени. Покрај дијагнозите, овие контролори ги превидуваат препораките и интервенциите – напиша тој во „The Age of Spiritual Machines“.

Лажно.

Loading...

Иако предвидувал гаџети (како што се фитнес часовниците), тој не бил во право кога е во прашање животниот век.

Просечниот животен век во 2019 година беше 72,6 години, според Обединетите нации. Просекот е малку поголем во САД и за 2017 година е 78,6 години.

Иако во многу индустријализирани земји просечниот животен век се зголемува, во Америка се случува спротивното.

Обединетите нации предвидуваат просечен животен век од 77,1 до 2050 година.

2. Компјутерите ќе бидат невидливи

Курцвејл исто така рекол дека компјутерите ќе бидат невидливи.

– Тие се насекаде, во sидови, табели, столови, накит и тела. Луѓето широко користат тридимензионални дисплеи вградени во нивните очила или леќи – напиша тој.

Точно.

Loading...

Излегува дека компјутерите навистина се насекаде денес. Имаме паметни домови, паметни маси, столови и многу повеќе.

3. Книгите ќе бидат мртви

– Хартиени книги и документи ретко се користат. Многу од документите беа скенирани и ставени на располагање преку „ваерлес“мрежата – пишува тој во книгата.

Лажно.

Иако вредноста на оваа индустрија, на пример во САД, значително се намали од 2014 година, сепак продава 675 милиони книги кои донесуваат приход од 26 милијарди долари.

4. Се следи секој ваш чекор

За приватноста, исто така, се предвидуваше да биде голем политички и социјален проблем и секој ваш потег ќе биде снимен во базата на податоци.

Многумина велат – точно.

Loading...

Телевизорот ве следи, смартфонот ве следи, вашиот интернет прелистувач знае што правите.

Некои нации се под 24-часовен надзор, а повеќето возрасни во САД тврдат дека е речиси невозможно да помине ден без некој да собере неколку информации за вас.

5. Ќе има 8 милијарди луѓе во светот

Некои истражувања од 1994 година покажаа дека светската популација ќе се зголеми за 2,5 милијарди, достигнувајќи 8 милијарди до 2020 година.

Само Индија, Пакистан, Бангладеш и Африка сами ќе донесат 1,5 милијарди.

Близу.

Loading...

Во моментов живеат 7,7 милијарди луѓе во светот, се вели во извештајот на ООН во јуни.

Населението се очекува да се зголеми за две милијарди до 2030 година, со тоа што Индија ќе го зазема првото место пред Кина до 2027 година.

6. Кина ќе биде најголемата економија

Питер Шварц и Питер Лејдан во 1997 година рекоа дека Кина ќе биде на врвот на светската економија.

Близу.

Loading...

Крајот на 2019 година и сè уште е тесна борба за врвната позиција. Се верува дека Кина и Индија ќе го зазедат врвот до 2030 година.

7. Ќе имаме автомобили кои се возат сами

Курцвејл напишал во книга дека се експериментира со ова.

Не е далеку од вистината.

https://youtu.be/0NtdZNWUBik

Компании како „Тесла“ и „Убер“ тестираат автомобили кои возат сами на зададена локација.

Loading...

8. Кина ќе биде на пат да стане демократска земја

Шварц и Лејден предвиделе дека иако Кина има „драконски мерки“,ќе биде на пат да стане демократска, но не каква што ја гледа Западот.

Лажно.

Кина продолжува да се соочува со неверојатни наводи за кршење на човековите права против демонстрантите во Хонг Конг, како и скоро еден милион Ујгури кои живеат во провинцијата Ксиан.

9. Срцевите заболувања и депресијата ќе бидат најчестите заболувања

Близу.

Loading...

Според податоците за 2017 година, петте најчести болести се неонатални пореметувања, срцеви заболувања, мозочен удар, инфекции на респираторниот тракт и хронично заболување на белите дробови.

10. Глобалната температура се зголемува

Уште во 1995 година, се предвидуваше дека до 2100 година просечната глобална температура ќе се искачи за два степени.

На тој пат сме.

Остануваат уште 80 години да се исполни ова предвидување.

Loading...

Leave a Reply