Дали ова е вистина? Наскоро на улиците да шетаат мажи во кратки здолништа?

Сподели со своите пријатели

Здолништата се појавуваат како нов тренд во машката мода, бидејќи самите дизајнери во нивните нови колекции ја одразуваат „новата реалност“

Loading...

Машките здолништа се едно од најпосакуваните парчиња облека за 2021 година, според истражувањето на компанијата „Lyst“, а модните колекции за сезоната есен / зима се полни со различни модели на ова парче облека.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

Иако машките здолништа не се ништо ново, се чини дека времето на пандемијата предизвика модните трендови да бидат фокусирани на удобност и слобода, што е делумно причината зошто се повеќе мажи носат и купуваат здолништа, пишува РТЦГ.

Според британскиот „Гардијан“, изненадувачкиот нов тренд е одраз на тоа како животот за време на пандемијата „ги ослободи мажите од стандардните правила на облекување“.

Сукњите се појавуваат како нов тренд во машката мода, бидејќи самите дизајнери ја одразуваат „новата реалност“ во нивните нови колекции.

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

 

Пејачот Хари Стајлс е лидер на овој тренд, кој дополнително го зајакна со појавувањето на насловната страница на американскиот „Vogue“ во плетено здолниште. Претходно, Дејвид Боуви беше фотографиран во здолништа за насловната страница на „Човекот што го продаде светот“, Мик Аегер, но и Кание Вест, во кожено здолниште од брендот „Givenchy“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

 

Дизајнерите вклучуваат здолништа или фустани во претстојните колекции, па дури и познатиот бренд “Burberry”.

Loading...

Иако мажите во здолништа беа спорадичен феномен во минатото, се чини дека овој тренд значително се менува.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

 

Потребно е право на различност и индивидуалност. Има сe повеќе колекции „без пол“, парфеми, додатоци, работни места, а веројатно ќе има уште повеќе.