Дали ова е иднина на технологијата: Робот кој е свесен за самиот себе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Видеото можеби најдобро покажува колку напредувал развојот на роботите и колку сме блиску до роботи кои навистина би функционирале паралелно со луѓето.

Loading...

Видео од робот кој има многу природни изрази на лицето и кој одеднаш го „открива“ светот околу себе, можеби ќе потсети на некои од популарните филмови и сценарија во кои роботите го заземаат светот.

И навистина, видеото кое прикажува сив робот може да изгледа крајно убедливо. Барем додека не стигнете до крајот и не сфатите дека целото ова „будење“ е всушност само паметна илузија.

 

 

Сепак, можеби најдобро покажува колку напредувал развојот на роботите и колку сме блиску до роботи кои навистина би функционирале паралелно со луѓето.

Овој сив робот е благодарение на британската компанија Engineered Arts, која ја разви платформата Ameca со намера да развие идни роботски технологии. Во текот на изминатите 5 години, тие претставиле цела низа различни роботи кои служеа за демонстрација на актуелната роботска технологија, како што се роботи за давање информации и добредојде на саеми или продавници.

Loading...

 

 

Сивиот робот, наречен Ameca, треба да служи за проучување на интеракцијата помеѓу роботите и луѓето и да им помогне на инженерите да направат роботи што е можно поубедливи.

Иако на својата веб-страница наведуваат дека роботот може да се купи или изнајми, тие исто така посочуваат дека тој во моментов не може да оди. Таа можност би можела да му се додаде во иднина.

 

 

Loading...