Дали малите автомобили ќе „изумрат“?

Сподели со своите пријатели

Заработката во сегментот на мали автомобили продолжува да се намалува па произведувачите го разгледуваат гаснењето на некои модели.

Loading...

Трендот опаѓа во побарувачката на „супермини“ сегментот и тоа е особено забележано во Европа каде во 2017 година имало осум отсто удел на светскиот пазар.

Меѓутоа, произведувачите се потешко извлекуваат профит од продажбата на малите автомобили, а најмногу поради строгите правила за емисија на штетни гасови и побарувачката за технологијата во внатрешноста на возилото.

Како што пренесуваат европските медиуми, Фолксваген и ПСА групациите изразиле нсигурност во врска со овој сегмент.

Директорот на Фолксваген Херберт ДИес се пожалил на острата граница на загадувањето од 2020 година каде малите автомобили не можат да допринесат за намалувањето.

За да се исполнат нормите за емисија на гасови, компанијата би морала да ја покачи цената на својот најмал модел за околу 3.500 евра.

– Не сум сигурен колку купувачите и натаму би можеле да си ги дозволат овие модели, рекол Диес.

Од ПСА групацијата најавуваат дека би можеле да престанат да ги произведуваат своите мали автомобили како Пежо 108 и Цитроен Ц1 заедно со Тојота која од 2021 година повеќе нема да го произведува моделот Ајго во заедничкиот погон во Чешка.

Loading...

– Способноста на произведувачот да оствари профит во тој сегмент е под притисок поради бројните технологии кои мораме да ги додаваме, се пожалил оперативниот директор на ПСА за Европа Максам Писат.

Во секој случај, сегментот на мали автомобили лесно би можел да остане без својот главен адут – пристапноста.

Се верува дека електрификацијата би можела да ја преподои оваа класа, но од Фолксваген веќе порачале дека и тоа нема да се исплати.

Leave a Reply