Дали Хрватска станува зависна од американскиот течен гас?

Сподели со своите пријатели

За прв пат во триесетгодишната историја на хрватската држава, Соединетите Американски Држави се пробија во четирите најважни надворешно трговски партнери на Хрватска кога станува збор за увоз на стоки, пишува во вторникот Вечерњи лист.

Loading...

Во првите 11 месеци од минатата година од Америка биле увезени стоки во вредност од 2,88 милијарди евра, за разлика од една година пред тоа кога увозот изнесувал само 415 милиони евра.

Посилен увоз на стоки е забележан само од традиционално најсилните хрватски партнери Италија, Германија и Словенија.

Вредноста на стоката увезена од САД е седум пати поголема од увезената во 2021 година, сето тоа благодарение на течниот гас што заврши во терминалот за ЛНГ во Омишљ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Колку од ланскиот увезен течен гас останал во Хрватска, а колку е извезен во други земји, засега не може да се прочита од првите податоци за трговијата, бидејќи вакви анализи се објавуваат подоцна.

Можно е гасот да одел кон Унгарија и Кипар, бидејќи извозот во тие две земји предничи.

Сепак, додека експлодираше увозот на скап течен гас од Америка, извозот на хрватските компании во САД падна за околу 9 отсто во споредба со пред една година, што е спротивно на општиот тренд во надворешната трговија на хрватските претприемачи.

Вредноста на извозот на стоки во 2022 година изнесува 23,9 милијарди евра, што е за 30 отсто повеќе од 2021 година, додека увозот е зголемен за 46 отсто, на 41,6 милијарди евра, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Бројките се вртоглави и главно се резултат на инфлацијата и поскапувањето на енергенсите, а судејќи според динамиката со која растеше извозот, се чини дека и инфлацијата забавува, пишува новинарката на „Вечерњи лист“, Љубица Гатариќ.