Дали Фејсбук престанува да биде бесплатен?

Сподели со своите пријатели

Марк Закерберг, шефот на Фејсбук, уште од почетокот на социјалната мрежа изјави дека неговата употреба ќе биде бесплатна, но се чини дека таа ера заврши.

Loading...

Фејсбук скоро незабележливо го смени слоганот што го користеа скоро уште од своето основање. Така, на почетната страница повеќе не се вели „Бесплатно е и секогаш ќе биде“, туку  „Брзо е и едноставно“.

Сепак, се чини дека оваа промена всушност има врска со начинот на кој работи Фејсбук и со правилата на Европската унија.

Не е тајна дека основата врз која Facebook го заснова своето деловно работење се податоците за корисниците, што се смета за највредниот дел од оваа социјална мрежа. Иако во неколку наврати повторуваа од Фејсбук дека корисниците ги поседуваат сите објавени податоци, тие исто така потврдија дека тие ги користат тие информации за да продаваат простор за рекламирање на реклами.

Адвокатот Хозе Антонио Кастило верува дека промената во слоганот била токму заради податоците на корисниците. Како што објасни тој за „Бизнис инсајдер“, во мај Европскиот парламент за прв пат донесе директива со која се признава споделување на податоци како форма на плаќање. Ова значи дека корисниците плаќаат за своите податоци со право да ја користат социјалната платформа, и затоа не можат да бидат рекламирани како бесплатни за користење.

Дали тоа значи дека, покрај нашите податоци, за користење на Фејсбук ќе плаќаме и со пари, останува да се види.

Leave a Reply