Дали еден ден навистина трае 24 часа? Одговорот можеби ќе ве изненади!

Сподели со своите пријатели

Денот го дефинираме како 86.400 секунди или 24 часа – тоа е времето потребно на Земјата да се врти околу својата оска. Сепак, Земјата не ротира совршено и прецизно. Обично се забавува постепено, така што должината на денот се зголемува во просек за околу 1,8 милисекунди на век. Ова значи дека пред шестстотини милиони години, еден ден траел само 21 час.

Loading...

Варијациите во должината на денот се предизвикани од повеќе фактори, вклучувајќи ги ефектите на силата на Месечината и Сонцето, спојувањето на јадрото и Земјината мантија, како и вкупната масовна дистрибуција на планетата.

 

 

Сеизмичката активност, глечерите, временските услови, струите во океаните и магнетното поле на Земјата исто така можат да влијаат на должината на денот.

Сепак, во 2020 година, научниците направија зачудувачко откритие.

Откриле дека Земјата наместо да забави, почнала побрзо да се врти. Се врти побрзо од кога и да било во последните 50 години. Тие тврдат дека всушност сите најкратки денови (ги има 28) биле евидентирани во текот на 2020 година.

Loading...

Научниците не се целосно сигурни што предизвикува забрзување на ротацијата на Земјата, но некои претпоставуваат дека тоа може да се должи на топењето на глечерите во текот на 20-от век или последица на акумулацијата на големи количини на вода во резервоарите на северната хемисфера.

Сепак, експертите предвидуваат дека ова забрзување е привремен ефект и дека Земјата повторно ќе почне да забавува во иднина.

 

 

Иако новите откритија нема да имаат влијание врз нашиот секојдневен живот, експертите стравуваат дека оваа ситуација сепак може да предизвика сериозни влијанија врз технологијата како што се GPS сателити, паметни телефони, компјутери и комуникациски мрежи и сето погоре – се потпира на исклучително прецизни системи за тајмингот.

Сепак, ваквите проблеми на крајот може да се надминат со едноставно одземање на одреден временски период наместо додавање.

Leave a Reply