Дали е здраво или опасно ако вечерате по 19 часот?

Сподели со своите пријатели

Постојат многу информации за тоа кога е идеалното време за вечера, но една од најчестите е дека е најдобро да имате рана вечера или целосно да го прескокнете овој оброк ако сакате да го зголемите нивото на масти кое телото ги согорева и така да се решите од вишокот килограми.

Многу други истражувања покажале дека вечерата по 19 часот го зголемува ризикот за добивање на срцев удар, дека кога јадеме по 22 часот внесуваме 248 калории повеќе и дека го губиме апетитот следниот ден.

Еве што експертите за исхрана мислат за вечерата и кога е идеалното време за неа.

Како да го забрзате метаболизмот без оглед на годините?

Loading...

Не постои точно време во кое треба да вечерате

Се зависи од распоредот и животниот стил. Лице кое се буди во 5 часот наутро може да има вечера во 17 часот, додека некој кој спие до 13 часот може да вечера и во 22 часот – ништо од ова не е само по себе погрешно или нездраво, тврди Фара Фахад, експерт за исхрана.

Би кажал дека идеалното време за вечера е три часа пред спиење. Тоа е доволно време организмот да ја свари храната и нема да спиете со полн стомак – тврди тој.

Пет начини да го подобрите утринското расположение

Вечерајте само ако сте гладни

Многу често јадеме затоа што дошло време за вечера, но Фахад верува дека многу поважно е кога ќе почувствуваме глад тогаш да јадеме.

Ако сте гладни, вашето тело бара калории. Ако јадете, а не сте гладни, телото храната ќе ја чува како масти затоа што не му е потребна – додава Фахад.

Доцната вечера е помалку важна од тоа што јадете и колку јадете

Храната е енергија и нема потреба да ја складираме затоа што не му е потребна на телото кое се „гаси“ кога одиме на спиење.

Три основни правила кои ќе ви помогнат да ослабнете

Обилната и тешка вечера не е добра за метабилозмот

Телото поспоро ги вари масните оброци и тие можат да доведат до киселини. Крвта оди во стомакот за да помогне во варењето наместо во останатите делови од телото за да му помогне да се опорави во текот на ноќта.

Ако наутри се чувствувате посебно уморно и без енергија, главниот виновник за тоа е тешката вечера.