Дали е ова најстарата гејмерка во светот? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голем број луѓе сакаат да играат игри онлајн, но во таа група ретко можеме да ги ставиме бабите. Меѓутоа, верувале или не, истите тие баби можат да бидат големи противници во светот на онлајн игрите, а најдобар доказ за тоа е Ширли Кари (82).

Loading...

Оваа баба е најстарата гејмерка во светот, а се прославила откако на Јутјуб објавила видео на кое покажала колку добро ја игра популарната игра „Skyrim“. Скоро преку ноќ, нејзиниот инбокс бил преплавен со пораки, а нејзиното видо станало вирално.

Толку внимание во почетокот ја исплашило, но по почетниот шок и изненадувањето поради толкава популарност, седнала зад компјутерот, ги отворила мејловите (имало околу 11.000) кои ги примила и започнала со одговарање.

– Кога сфатив какви коментари добивам, ми стана многу забавно. Некои од нив беа навистина дирливи, а како што минуваше времето и како продолжив да примам позитивни коментари од истите луѓе започнав да се врзувам за нив. Некои од тие коментари навистина мер асплакаа, а некои беа толку смешни што со денови се смеев. Сите беа преслатки кон мене, рекла таа.

Игра разни игри како што се: „Ark:Survival Evolved“, „Fallout 4“ и „No Man’s Sky“. Пред нејзината инстант популарност, деновите ги минувала читајќи научно фантастични романи, а денес деновите претежно ги минува играјќи игри.

Во текот на денот таа снима видеа за својот „Јутјуб“ канал и се допишува со фановите.

Фото: Јутјуб принтскрин

Leave a Reply