Дали е ова можно? Грците се капат и се сончаат на плажите, во Атина измерени 23 степени

Сподели со своите пријатели

Грците денес се упатија кон плажите и јавните паркови затоа што реткиот јануарски топлотен бран понуди прекин на заклучувањето поради корона вирусот.

Loading...

Бидејќи температурите во Атина достигнаа и до 23 степени, луѓето легнаа на песок, пливаа во морето и шетаа по плажите, додека полицијата патролираше за да ги контролира гужвите, пренесува Ројтерс.

 

Во последните 50 години, толку високи температури беа видени само двапати во јануари: во 1987 и 2010 година, објави Националната опсерваторија во Атина.

Грција е делумно заклучена од почетокот на ноември, а луѓето се принудени да носат маски во јавноста.

Во петокот, властите ги продолжија ограничувањата, вклучително и забраните за јавни собири, барем до 18 јануари, бидејќи се обидуваат да го забават растот на инфекциите, претежно на северот.

По една од најтоплите години регистрирана на глобално ниво во 2020 година, топла воздушна маса и прашина кои пристигнаа од африканскиот континент ја преплавија Атина.

Loading...

 

Просечните јануарски температури  низ цела Грција се движат од под нулата до 5 или најмногу 10 степени во крајбрежните региони, соопшти Националната метеоролошка служба (ЕМИ).

Leave a Reply