Дали е грешка или измама? Мoмчиња завршиле во затвор поради бесплатното пилешко

Сподели со своите пријатели

Петмина кинески студенти завршиле во затвор за измама преку Интернет затоа што откриле грешка во мрежниот систем на познатиот советски ланец KFC. И на тој начин, тие дошле до огромни количини бесплатно пилешко месо, кои потоа ги препродавале.

Loading...

25-годишен студент Ксу го измамил ресторанот за брза храна „KFC.“ за храна во вредност од околу 7.500 евра. Тој добивал бесплатна храна шест месеци, откако открил грешка во мобилната апликација пред 3 години, во 2018 година.

 

Тој ја споделил тајната со четворица свои пријатели, па на крајот, петмината биле одговорни за измамата вредна скоро 18.000 евра.

Ксу бил осуден на 2 години и шест месеци затвор со парична казна од 700 фунти. Неговите соучесници биле осудени на затворска казна од 13 месеци до две години.

Ксу открил грешка во системот кога дознал дека може да купи храна со помош на ваучери од телефонската апликација КФЦ и да добие поврат на купон со помош на апликацијата ВеЧат.

Набргу откако Ксу започнал да добива бесплатно пилешко месо од КФЦ, тој споделил шема за измама со своите пријатели.

Loading...

 

 

Исто така, тој започнал да препродава храна на своите пријатели по пониска цена и заработил пари. Петмината на крајот биле уапсени, а Ксу ја признал вината.

Инцидентот станал актуелна тема на дискусија на кинеските социјални мрежи, а некои корисници изјавија дека казната е сурова, додека други веруваат дека тие се виновни – одговорни за грешките во апликацијата и системот за нарачки.

Сепак, судот пресудил дека петмината извршиле измама и затоа отишле во затвор за бесплатно пилешко, но и за нивната алчност за пари!

Leave a Reply