Дали Двејн Џонсон е новиот Џејмс Бонд?

Сподели со своите пријатели

Актерот Двејн Џонсон ја откри поврзаноста на неговото семејство со популарната франшиза, како и желбата да ја толкува улогата на таен агент.

Loading...

Актерот Двејн Џонсон во новото издание на серијалот за видеа Explain This на Esquire го наметна своето име како кандидат во новата серија за Џејмс Бонд.

Видеото започнува со тоа што Џонсон ја објаснува поврзаноста на неговото семејство со долгогодишна франшиза на тајни агенти.

„Да, дедо ми беше негативецот на Бонд во „Живееш само двапати со Шон Конери“.

Џонсон призна дека е голем обожавател на франшизата и дека цели високо.

“Би сакал да тргнам по неговите стапки и да бидам следниот Бонд. Не сакам да бидам негативец. Морам да бидам Бонд”, рекол Џонсон.

Вратата за оваа позиција е моментално отворена, бидејќи 15-годишната ера на Даниел Крег како агент 007 заврши минатиот месец со објавувањето на филмот Нема време за умирање.

 

Loading...

 

Карактеристиките на Бонд не се строго ограничени, но има неколку барања кои идниот агент мора да ги исполни.

„Може да биде која било боја, но да е мажествено“, изјави продуцентката Барбара Броколи за Variety.

Сепак, постои една пречка на која „Карпата“ би можел да наиде во оваа улога, а тоа е барањето Џејмс Бонд да остане Британец, нешто што дефинитивно не е Двејн Џонсон.

Моментално, според обложувалниците, главни кандидати за улогата на Бонд се Том Харди и Хенри Кавил, а неодамна на фаворитите неочекувано им се придружил и актерот од серијата „Игра на тронови“, Том Хопер.