Дали Бахмут ќе стане симбол на украинскиот отпор кон Русија?

Сподели со своите пријатели

Жестоки борби со руските сили се водат за центарот на Бахмут, во источна Украина, изјави денеска командантот на украинските копнени сили, а оваа информација ја потврди и руската страна.

Loading...

Русите „напаѓаат од неколку правци“ за да „напредат кон централните области“, изјави Олександр Сирски, пренесе прес-службата на украинската армија.

Шефот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, исто така изјави дека се водат силни борби за центарот.

„Колку сме поблиску до центарот на градот, толку посилни се борбите“, рече Пригожин.

Русите во последните недели се обидуваат да го опколат тој град и успеаја да пресечат неколку важни патишта за снабдување на украинските војници.

Иако набљудувачите се сомневаат во стратешката важност на Бахмут, самата борба, најдолга за еден град од почетокот на руската офанзива пред повеќе од една година, има симболично значење и за Киев и за Москва, која сака да забележи победа по неколку порази.

Првичните борби за Бахмут започнаа во август минатата година, откако украинските сили се повлекоа од Попасна.

Украина на тој дел од бојното поле ангажираше десет бригади со околу 30.000 војници.

Loading...

Таму ги испратила своите најдобри сили, вклучително и специјалните сили.

Руските сили постојано најавуваа пад на тој град, но Украинците очигледно сѐ уште се држат таму.

Западни извори тврдат дека „Групата Вагнер“ обезбедува пешадија, а руската армија обезбедува техничка и артилериска поддршка.

Во неколку наврати дошло до меѓусебни конфликти поради лошата координација на овие сили.

Шефот на групата Вагнер објави слика од загинатите борци, со порака дека немало да бидат повредени доколку добијат муниција.

Она што не е јасно е зошто двете страни го избраа тој град за голем конфликт.

Имено, Бахмут нема стратешко значење.

Некои велат дека неговото заземање отвора пат за Русите да ги нападнат Славјанск и Краматорск, што е само делумно точно.

Loading...

Некои сметаат дека Бахмут е главниот центар за снабдување на украинската армија бидејќи низ него минуваат патиштата кои водат кон Сиверск и Константиновка.

Но, имајќи предвид дека и двата патишта се во дострелот на руската артилерија, теоријата за важноста на Бахмут како сообраќаен центар е релативна.

Кога се ќе се собере и одземе, може да се добие впечаток дека Украина не сака да се откаже од градот, по секоја цена.

Неговиот пад би бил голем удар за приказната за победата на Киев.

Од друга страна, освојувањето на градот во Донбас на Русите ќе им донесе важна победа во пропагандната војна.

По неколкумесечна одбранбена акција на бојното поле, ваква важна вест би била многу добредојдена во Кремљ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.