Дале големи пари за реклама за борба против дрога, а за слоганот им се смее целиот свет (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Државата Јужна Дакота започна кампања против употребата на метамфетамин, кој станува сè почест проблем во таа држава.

Loading...

„Мет. Ние сме на тоа“, е слоганот на кампањата што државата и ја плати на маркетинг агенцијата „Broadhead“околу 449,000 американски долари.

Кампањата се состои од фотографии на луѓе од различни генерации со слоганот: „Мет. На тоа сум“.

Во својот предлог за кампањата, Broadhead опишале дека слоганот „Јас сум на мет“ ќе создаде „движење за сите жители на Јужна Дакота и ќе ги охрабри да преземат активна улога во одржувањето на нивната држава одлично место за живеење“.

Сепак, не сите ја разбраа пораката на тој начин.

Сепак, гувернерот на таа држава, Кристи Ноем, тврди дека кампањата се покажала како многу успешна.

– Ова е нашиот проблем и ние мора да го решиме заеднички. Ова е храбар и иновативен потег што народот досега не го видел, рекла таа, а пренесуваат американските медиуми.

Leave a Reply