Дале 10 милиони за куќата на Ал Капоне, а сега ја уриваат: Ова е обично ѓубре

Сподели со своите пријатели

Се планира да се урне куќата во Флорида, која му припаѓала на славниот гангстер Ал Капоне речиси две децении.

Loading...

Според „Мајами Хералд“, новите сопственици на куќата со девет соби во Мајами Бич планираат да ја урнат, откако летово ја купиле за 10,75 милиони долари.

 

 

Еден од сопствениците, Тод Глејзер, изјавил за „Хералд“ дека куќата, која се наоѓа на околу еден метар под морското ниво, била оштетена од поплави и подземни води.

Новите сопственици планираат да изградат нова двокатна куќа, со осум соби, осум бањи, џакузи, спа центар и сауна.

„Оваа куќа е само ѓубре. Срамота е за Мајами Бич”, додаде Глејзер.

Loading...

 

 

Сосопственик на куќата е деловниот партнер на Глејзер, Нелсон Гонзалес, градежен инвеститор и потпретседател на „Berkshire Hathaway Home Service“.

Капоне ја купил куќата во Флорида во 1928 година за тогашни 40.000 долари и честопати се враќал таму.

Во оваа вила, Капоне поминал многу важни моменти, и се верува дека тој планирал масакр на Денот на вљубените во 1929 година.

 

Loading...

 

Во тоа време, седум членови на ривалската банда Норт Сајд биле наредени до ѕидот на гаражата и биле стрелани. Убијците биле членови на кланот Капоне, но масакрот го извршиле обучени полицајци.

Токму поради ова злосторство, Ал Капоне бил прогласен за непријател број еден на државата.

Тој почина во оваа вила во 1947 година.

Трите внуки на Ал Капоне планираат да продадат 174 негови предмети на аукција на 8 октомври во аукциската куќа „Витерелс“ во Сакраменто.