Дачиќ: Вучиќ треба да го повлече потписот од Бриселскиот договор

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека на претседателот Александар Вучиќ ќе му предложи повлекување на потписот од Бриселскиот договор, што, како што вели, му го кажал и на последниот состанок.

– Јас како премиер го потпишав Бриселскиот договор, па би го повлекол потписот и би рекол: Не сакате заедница на српски општини, не сакаме и ние останато, се враќаме на претходното, а тоа е враќање на српските институции на Косово, рекол Дачиќ.

Тој ваквата изјава ја даде по средбата за алжирскиот министер за надворешни работи Абделкадер Месахел.

Далиќ не рекол што му одговорил српскиот претседател на таквата понуда.

Шефот на дипломатијата сепак рекол дека Србија ќе вложи максимални напори за постигнување на компромисно решение во врска со Косово.

Leave a Reply