Дачиќ: Попрво САД ќе се предомисли околу Косово, отколку Русија да го признае

Сподели со своите пријатели

Пологично е САД и Велика Британија да го повлечат признавањето на Косово, отколку Русија да го признае, рекол шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по состанокот со рускиот колега Сергеј лавров со кој констатирал дека двете земји имаат широко поклопуање на ставовите по однос на повеќе меѓународни праѓања.

Коментарот на Дачиќ следува ден по прашањето на новинар до двајцата министри да ја искоментираат изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека би помогнало кога Русија би го признала Косово.

Пефовите на дипломатиите на Србија и Русија рекле дека такивот став на Тачи не менува ништо.

лавров рекол дека Русија го изнела својот став по прашњето за Косово и дека изјавата на Тачи нема да промени ништо.

– Тој, како и повеќето политичари во Приштина треба да се занимаваат со своите работи, а особено со фактот дека се обвинети за извршување воени злостроства, рекол Лавров и повторил дека Русија е приврзана со Резулуцијата 1244 на ОН „за разлика од некои европски земји“.

Шефот на српската дипломатија нагласил дека официјалниот став на Србија е дека се задоволни со нивото на соработка со Русија која не е само на хартија, туку нависитна е содржајно, стратешко партнерство.

Leave a Reply