Дачиќ бара ЕУ да реагира на изјавите на Рама

Сподели со своите пријатели

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ја осуди изјавата на албанскиот премиер Еди Рама и оцени дека ЕУ и западните земји ја „ставаат главата во песок“ пред, како што рече, големоалбанската политика.

– Косово и Албанја ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. И дипломатското претставување ќе биде исто, па зошто не еден претседател – симбол на нацоналното единство и една национална безбедносна политика, истакна вчера Рама во своето обраќање во Парламентот во Приштина. Тој потенцираше дека тоа би можело да се случи за десетина години, а дека сега е само сон.

Таквата изјава Дачиќ ја оцени како вџашувачка и констатираше дека и овојпат „големоалбанските изјави“ минуваат без какви и да се или млаки осуди од страна на ЕУ и западните земји.

– Рама буквално рече дека Албанија и Косово се една држава со еден претседател, заедничка надворешна и безбедносна политика. И никој не го критикува, истакна Дачиќ.

Тој праша што би се случило доколку Белград рече дека Србија и Република Српска би требало да имаат ист претседател и заедничка надворешна политика.

Но сепак, реакција дојде и од Брисел, од каде изјавата ја оценија како несоодветна.

Портпаролката на Европската комисија Кетрин Реј истакна дека изјавите што може да се толкуваат како политичко мешање во соседните земји не помогаат во градењето на добрососедски односи.

– ЕУ очекува изградбата на конструктивни и кооперативни односи низ целиот регион да продолжи. ЕУ у натаму да ги поддржува принципите на помирување и соработка во овој регион, изјави Реј./МИА

Leave a Reply