Да се продолжи кризната состојба во целата држава, предлагаат надлежните

Сподели со своите пријатели

Заради заштита на јавното здравје, владината Група за проценка, предлага продолжување на кризната состојба на територијата на целата држава.

Loading...

Владината Група за процена под раководство на Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска одржа седница преку видеоконференциска интернет врска, на којашто учествуваше и националниот советник за безбедност на Претседателот, којшто учествува повремено покрај законски определените членови на Групата: директорите на Агенција за национална безбедност, на Биро за јавна безбедност, на Агенција за разузнавање, раководителот на Служба за воена безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана, заменик началник на Генералштабот на АРСМ, замениците директори на ЦУК и на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и директор на ДЗС.

Раководителот на Групата за проценка, Ангелов, отвори дискусија за проценување на состојбата и утврдување на потребата за продолжување на кризната состојба.

Учесниците на седницата, прво имаа кусо реферирање во однос на времетраењето на кризната состојба, а потоа и куса дискусија во врска со  продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија. Предлог заклучоците беа едногласно прифатени.

Конкретно, сите учесници на седницата на Групата за процена, едногласно, донесоа  предлог до Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија да достави предлог до Собранието на Република Северна Македонија за продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението. Истовремено, со тој предлог придружно оди и предлогот институциите во Системот за управување со кризи (СУК) да продолжат со активностите согласно за Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CоV-2, што е донесен на Втората седница на Главниот штаб за управување со кризи, од прогласувањето на кризната состојба што се уште трае.

Интегрално соопштение: Центар за управување со кризи

Leave a Reply