ДА ПОМОГНЕМЕ: Дедо Јосиф од Куманово остана без својот дом (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и едногодишниот Јосиф Зафировски од кумановското село Кучкарево остана без кров над главата, откако завчера пожар го пеплоса неговиот дом.

Loading...

Зафировски се родил и пораснал во куќата, тука го создал своето семејство, ги растел децата и внуците, а завчера ја гледал како ја голтаат пламените јазици во немоќ да ја спаси. Тука живеел со својот педесетгодишен син, кој инаку е лице со посебни потреби.

Како што информираше внукот на дедо Јосиф, тој заедно со неговиот син моментално се сместени во просториите на месната заедница во селото Кучкарево, но за да се направи нов скромен дом потребна им е помош од сограѓаните.

– Храна имаме, но потребен е градежен материјал за да можеме да изградиме нов дом за дедо ми, изјави за Кумановски Муабети, Драган Зафировски, еден од внуците на дедо Јосиф.

Loading...

Помош вчера доставила хуманитарната организација „Свети Спас“, но освен дополнителен градежен материјал, потребна е механизација со која ќе се ископаат нови темели.

Семејството апелира до хуманите граѓани, невладини организации и државни институции да помогнат во изградбата на нов дом на дедо Јосиф и неговиот син. Сите кои сакаат да помогнат можат да го контактираат Драган Зафировски на телефонскиот број 078-728-956.

Постоечката структура на куќата не може да се искористи затоа што објектот кој инаку се уште гори, е скоро целосно пеплосан. Во повеќе наврати го гаснеле пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово, но моментално како што информираат од семејството, тоа го прават сами со носење кофи вода од селската чешма која е одалечена од куќата.

Според Регионалниот центар за управување со кризи во пожарот изгорела напуштена и стара куќа. Куќата е навистина многу стара, но сепак претставувала дом за овие двајца жители на Кучкарево, кои на летните горештини останаа под отворено небо.

Loading...

Leave a Reply