Да го поддржиме нашиот единствен претставник во куќата на Големиот Брат

Сподели со своите пријатели

Остануваат уште два дена од реалното шоу „Големиот Брат“, а во последните денови кумановцеот Дарко Петковски Спејко добива вистинско признание од најконтроверзниот учесник во оваа сезона. Последната недела од седмата сезона Големиот Брат ја искористи како недела на искреност помеѓу учесниците. Вистинско признание за своите квалитети доби Дарко кој беше посочен како личност која треба да биде идол на младата генерација. Овој комплимент добива на тежина посебно ако се напомене дека тоа е кажано од Горан, единствениот учесник во Големиот Брат со кого Дарко имаше конфилкт во овие 95 дена. Гого истакна дека неговата активност на спортско поле, активирање на кошаркарски клуб и мисијата да ги тргне децата од улицата се непобитен факт кога се во прашање рангирањето на станарите во куќата. Дарко сигурно има квалитети за победник во Големиот Брат, но најпрвин треба да го преживее полуфиналето во петок, кога куќата ќе ја напуштат двајца станари. Финалистите ќе поминат во куќата уште еден ден, а во сабота навечер е големото финале кога ќе биде познат победникот во шоуто. За да го зачуваме Дарко да го преживее и овој петок и да влезе во големиото финале, можете да гласате со СМС порака на VB празно место 6 на телефонскиот број 149399.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.