Да беа живи, дванаестте бебиња од Бања Лука денес ќе наполнеа 23 години (видео)

Сподели со своите пријатели

Во воената пролет 1992 година, во Клиничкиот центар во Бања Лука, се одигра вистинска драма поради недостаток од кислород во породилното одделение бидејќи сите копнени и воздушни патишта беа блокирани од виорот на војната во БиХ.

Loading...

Banjalučke bebe, 12, smrt, rat, Foto: printscreen Youtube

На денешен ден се навршуваат 23 години од смртта на 12 новороденчиња кои се родени во болницата во Бања Лука од 22 мај до 19 јуни 1992 година, а кои починаа поради забрана на Советот за безбедност на ООН да се достави кислород на интензивното одделение за новороденчиња кои беа под инкубатор.

Во доцната пролет 1992 година, во Клиничкиот центар во Бања Лука се одигра вистинска драма. Во породилиштето немаше кислород, бидејќи сите копнени и воздушни правци кон Србија беа затворени. Воздушниот сообраќај беше исто така оневозможен, бидејќи Советот на ООн ги забрани сите летови над БиХ.

Поради недостаток од кислород починаа 12 бебиња, додека триенаесетото беб Слаѓана Кобас почина 13 години по овој стравичен настан, а живо остана само бебето Марко Медаковиќ, кој денес е лице со тешки физички и ментални оштетувања.

Смртта на 12 -те бањалучки бебиња беше повод за една од најголемите битки во војната во БиХ, познатата операција ”Коридор” со која беа поврзани животите на многу луѓе од западна и источна Република Српска.

Во знак на почит кон починатите бебиња, во Бања Лука е подигнат споменик на дванаесетте бебиња, каде секоја година се одржува парастос, со положување на венци пред вечното почивалиште.

Пред две години, во Бања Лука беше промовиран документарен филм ”Здив на животот” кој говори за трагичната смрт на 12 -те бебиња во Клиничкиот центар во Бања Лука.

Loading...

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *