Curiosity – осум години во потрага по живот на Марс (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Роверот Curiosity  слета на Црвената планета во август 2012 година и оттогаш ги снабдува луѓето на Земјата со информации и фотографии кои ја илустрираат ситуацијата на Марс.

Loading...

Во март 2020 година роверот се спуштил во Greenheugh Pediment – каменеста област која се наоѓа на врвот на еден рид, а пред тоа снимил автопортрет на кој се гледа и областа околу појасот Greenheugh.

Под роверот можела да се види бушотина која ја направил самиот за да земе примероци кои би требало да ја потврдат или побијат теоријата дека на Марс имало микроскопски живот пред повеќе милијарди години.

Curiosity  успешно го заврши искачувањето на 6 март, и се најде на врвот на ридот, што е уште една фаза од сцената која започна во 2014 година, и во која Curiosity  ја истражува планината Шарп – висока планина од пет километри, лоцирана во центарот на Гале кратерот.

Роверот, исто така, прослави осум (земјени) години на Марс на 5 август, непосредно откако роверот Perseverance тргна за Црвената планета.

Новото марсовско возило ќе тестира се што открил Curiosity  во последните години, како дел од мисијата Mars Science Laboratory која вреди 2,5 милијарди американски долари.

 

Loading...

Leave a Reply