Црна Гора понуди помош на Албанија за санирање на последиците од земјотресот

Сподели со своите пријатели

Црногорскиот министер за внатрешни работи Мевлудин Нухоџиќ му понуди на својот албански колега Сандер Лесај помош во санирање на штетите предизвикани од земјотресот што ја погоди Албанија во сабота.

Loading...

Нухоџиќ рече дека жали за повредените граѓани и за материјалната штета во Албанија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МУП) на Црна Гора.

„Во оваа прилика беше изразена подготвеноста на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора да обезбеди помош при санирање на штетата, во согласност со процедурите и можностите, додека дирекциите за итни случаи на двете држави ќе бидат одговорни за спроведување на конкретни активности“, се вели во соопштението.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поддршката ги потврдила добрите односи меѓу Црна Гора и Албанија, како и солидарност и разбирање во оваа тешка состојба по земјотресот.

Албанија беше погодена од серија земјотреси во кои најмалку 108 луѓе беа повредени во саботата, на 21-ви септември.

Leave a Reply