Црна Гора на листата „Топ дестинации“ според Форбс

Сподели со своите пријатели

Црна Гора е рангирана на 20-то место на списокот на „Форбс“ за врвните дестинации што треба да ги посетите во 2020 година, а особено е истакнат Котор.

Loading...

„Зошто? Црна Гора, скриеното богатство на Јадранот, станува сè попосакувана медитеранска дестинација и повеќе не се смета за сиромашно соседство на Хрватска“, пишува Форбс.

Денес Црна Гора се развива како луксузно засолниште, додаваат тие.

„Аман Свети Стефан, најлуксузниот хотел во Црна Гора, го подигна нивото на црногорското угостителство на повисоко ниво, а Мариот Интернешнл штотуку најави дека ќе го донесе брендот Риц-Карлтон во Црна Гора во 2023 година“, истакнува Форбс.

Списанието советува дека сите активни патници кои сакаат пешачење и авантура, но и парови кои сакаат релаксација и приватност, треба да ја посетат Црна Гора.

Форбс посочува особено дека не треба да се пропушти посетата на Котор, која на патниците им нуди импресивно и природно искуство.

„Тоа е еден од најдобро зачуваните стари градови на брегот на Јадранското Море и во него може да се видат многу цркви и музеи“, заклучува магазинот Форбс.

Leave a Reply