Црквата во с. Тромеѓа и градската џамија ќе се ослободат од плаќање комуналии

Сподели со своите пријатели

Цркавата во селото Тромеѓа, како и градската џамија ќе бидат легализирани, а со тоа и ослободени од плаќање комуналии кон јавните претпријатија во градот, беше одлучено на последната 45-та седница на Советот на општина Куманово.

Овие два верски објекти се уште се дивоградби и ќе се пристапи кон нивно легализирање и ослободување од комунална такса.

 Советот донесе едногласна одлука истите да бидат ослободени од плаќање на комунални давачки поврзани со постапката за легализација на дивоизградени објект. Не само објекти кои се во споственост на овие верски заедници, туку сите верски заедници воопшто на територијата на општина Куманово ќе ја поминат оваа постапка – рече претседателот на Советот, Максим Димитриевски.

Одлуката без дискусија едногласно беше изгласана и прифатена од сите советници.