Зошто се крева толку голема гужва околу станувањето рано? Зошто мајка Ви откако тргнавте на училиште секогаш Ве тераше порано да станете? Што е толку магично во раното будење?
Ајде да констатираме дека секоја личност е различна. Некои повеќе сакаат да се разбудат рано, а некои подолго да спијат. За некои е корисно подолго да спијат. Но, чекајте. Не заклучувајте уште, листата на успешните луѓе е кои стануваат рано е долга.
Значи, толку успешни луѓе не можат да грешат. Како да се мотивирате да станувате рано? Еве инспиративни цитати со кои би можеле да Ви помогнеме:
1. “Формула за успех: станете рано наутро, работете напорно, зграбете ја среќата.” – Пол Гети
2. “Раното одење во кревет и раното будење човекот го прават поздрав, побогат и помудар.” – Бенжамин Франклин
3. “Работете напорно. Бидите позитивни и будете се рано. Тоа е најдобар дел од денот.” – Џорџе Ален, Ср.
4. “Ако изгубите еден час од времето наутро, ќе го барате целиот ден.” – Ричард Ватли
5. “Ги сакам раните утра и чувството како остатокот од светот сеуште цврсто спие, а Вие сте единствени кои сте будни, о се се чини неверојатно, и некако заборавате на своите проблеми, затоа што сте сега тука само Вие, светот и изгревањето на сонцето.” – Непознат Автор
6. “Кога ќе се разбудите наутро, помислете колку е драгоцена привилегијата што сте живи – што дишите, мислите, уживате, сакате.” Маркус Аурелиус
7. “Раните утрински прошетки се благослов за целиот ден.” – Хентри Давид Тореау
8. “Нема ништо поубаво од убавината на шумата пред изгрејување на сонцето.” – Џорџ Вашингтон Карвер
9. “Божјата милост е свежа и нова секое утро.” – Џојсе Мејер
10. “Добро е да се разбудите пред зората, затоа што таквите навики ви допринесуваат здравје, богатство и мудрост.” – Аристотел
11. “Никогаш немам запознаено човек кој има дојдено до слава или еминенција, а да лежи во кревет до доцна наутро.” – Џонатан Свифт
12. “Утрото е најважниот дел од денот, затоа што начинот на кој ќе го поминете утрото може многу да Ви каже за тоа каков ќе Ви биде денот.” – Лемони Сникет