Циклон од Медитеранот носи нова нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 15, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи (над 20 л/м2), грмежи, засилен ветер и појава на град, особено во недела.

Leave a Reply