Цигари запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет штеки цигари RODEO, со македонски акцизни маркички биле откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, непријавените цигари, пронајдени во специјално подготвено скривалиште во подот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Leave a Reply