ЦИД одбележа 10 години од своето постоење (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Минатиот месец Центарот за интеркултурен дијалог одбележа 10 години од своето постоење, а вчеравечер организираа свечен коктел за сите нивни соарботници и членови.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”392″]

 

Како што истакна извршниот директор на организацијата, Милош Ристевски, се надеваат дека ќе опстанат најмалку и во наредните 10 години.

Центарот за интеркултурен дијалог е младинска организација нашето мото е „Од млади за млади“ и тоа што ние се трудиме да направиме можности за младите луѓе во ои тие учат, напредуваат, учествуваат на интернационални мобилности, значи интернационални проекти, но исто така се трудиме и европските трендови да ги пренесеме од европско тука на локално ниво со понудување на неформално образование и младинска работа по европски стандарди – вели Ристевски.

 

Илјадници млади луѓе во изминатите 10 години минале низ проектите на Центарот за интеркултурен дијалог, а сега бројат околу 50 активни членови, без разлика на верата и нацијата.