ЦИА ПРЕДУПЕДУВА: Северна Кореја наскоро ги напаѓа САД?

Сподели со своите пријатели

Директорот на Централната разузнавачка агенција на САД, Мајк Помпео, предупреди во најновиот извештај дека Северна Кореја ја делат само неколку месеци од можноста со нуклеарно оружје да ја нападне Америка.

– Програмата со нуклеарното вооружување на Северна Кореја продолжува да се шири, унапредува, станува се помоќна, поспособна, рекол Помпео за CBS.

На прашањето колку ќе помине додека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не го погоди САД, Помпео вели: „Неколку месеци“.

„Њујорк пост“ меѓутоа, забележува дека Помпео изнел слични прогнози и во октомври минатата година, што според весникот, може да биде наговестување дека Пјонгјанг всушност не напредувал многу од есента минатата година.