ЦИА: Не стоиме зад протестите во Иран

Сподели со своите пријатели

Директорот на американската разузнавачка служба ЦИА, Мајк Помпео негира било каква нејзина вмешаност во демонстрациите кои го потресоа Иран минатата недела.

Одговарајќи на обвиненијата на иранските политичари тој за телевизијата „Фокс Њуз“ вели дека наводите се погрешни, дека протестира иранскиот народ и дека тие ги направиле протестите, иранскиот народ бара подобри услови за живот и раскинување со теократскиот режим под кој живеат од 1979 година.

Иранскиот обвинител, Мухамед Џафер Монтазери ги обвини САД, Израел и Саудиска Арабија дека ги потикнувале насилствата со 21 жртви, главно демоностранти, од 28 декември.

– Проектот за предизвикување несигурност и немири во Иран започна пред четири години и неговиот главен архитект е шефот на ЦИА за Иран, Мајкл Д’ Андреа. Милсма дека ќе продолжи бунтот на иранскиот народ, рекол Монтезари, а пренесува агенцијата ISNA.

Директорот на ЦИА исто така ја критикуваше слабоста на договорот за иранскиот нуклеарен програм, потпишан во 2015 година, додека американскит еконзевативци се обидуваат да подготват еден закон за да привремените ограничувања наметнати на Иран со спогодбата од 2015 година станат постојани, иако требало постепено да се укинуваат од 2025 година.