ЧУДО: Стоматолози извадиле 526 заби од вилица на момче (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Индиските стоматолози од усната празнина на седумгодишно момче со операција извадиле 526 заби.

Loading...

Момчето родителите го довеле на преглед на Стоматолошкиот факултет „Саветха“ поради оток и болка во десниот дел на долната вилица, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Рендгенските снимки во устата откриле „творба слична на вреќичка“ со повеќе од 500 заби, изјавила Пратиба рамани, професорка по орална и максиофацијална хирургија при универзитетот во градот Ченај во Индија.

– Никогаш до сега во праксата не сме се сретнале со ваков случај, иако состојбата е опишана во медицинската литература, рекла др. Рамани.

Лекарите појасниле дека израстокот има форма на тумор и спречила раст на трајни заби во детската усна празнина. Снимките покажале повеќе рудиментирани заби во ткивото во форма на вреќичка. Иако родителите и лекарите рекле дека е неопходно веднаш да се направи перацисонен зафат, момчето едвај го убедиле тоа да го стори.

Олеснителна околност била што ретката состојба е откриена во рана фаза.

Во текот на петчасовната операција, стоматолозите од устата на седумгодишникот извадиле 526 заби, а снимката покажала дека се со различна големина, од 01, до 15 млиметри.

– Изгледаа како бисери извадени од школка. Дури и најмалиот заб имаше круна, корен и глеѓ, рекла лекарката.

Loading...

Иако лекарите не знаат која е точната причина за ваквата состојба, претпоставуваат дека една од причините за развој на „вишокот заби“ би била генетиката, а не е исклучено и животната средина да има значителна улога за оваа појава.

Докторката Рамани истакнува дека во соработка со колегите започнала да истражува како да утврдат дели еден од „виновниците“ за ваквата состојба е зрачењето од мобилните телефони.

Објаснил дека единствена долгоорчна негативна појава за момчето би можела да биде вградување на дентални импланти кога ќе наполни 16 години.

Инаку, сличен случај забележан е во 2014 година, кога стоматолози од усна празнина на еден седуманесетгодишник од Мумбаи отстраниле 232 заби.

Leave a Reply